| 1999-02-01 |
|
|
|
Иван Стојмиров со мала група на луѓе од #makhack @ Undernet го пушта во употреба l33n0x.org потоа linuxmk.org, денешен http://www.linux.net.mk, првиот македонски веб сајт посветен на GNU/Linux, со некои основни упатства за работa со GNU/Linux напишани на латиница. :) |
| 2000-07-05 |
|
|
|
Се појавува првата верзија на некогашната страница mksoftver.org. Тоа беше второто македонско веб место на кое се пишуваше за слободен софтвер и GNU/Linux. |
| 2001-05-01 |
|
|
|
Се појави нова, за прв пат динамичка, верзија на mksoftver.org. |
| 2002-07-07 |
|
|
|
Првиот состанок во Градскиот парк во Скопје. Присуствуваа повеќе луѓе, меѓу кои Иван Стојмиров, Арангел Ангов, Новица Наков, Златко Трајчески, Благоја Ѓаковски, Дарко Стојчев, Дамјан Георгиевски и Георги Станојевски. |
| 2002-07-09 |
|
|
|
Два дена подоцна, на тогашниот сервер на http://www.linux.net.mk почна да работи првата поштенска листа. Листата го носеше името [LUG] и беше достапна на lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug. |
| 2002-09-07 |
|
|
|
На конференцијата ExpoCom, David Sugar од Free Software Foundation го одржа првиот јавен говор за слободен софтвер во Р. Македонија. |
| 2002-09-16 |
|
|
|
Во порака до листата [LUG] Арангел Ангов испраќа алфа верзија на статутот на организацијата за која тој предлага таа да го носи името „Слободен софтвер Македонија“. |
| 2002-09-21 |
|
|
|
Своето искуство за движењето за слободен софтвер во Р. Македонија David Sugar го раскажува за Linux Journal: http://www.linuxjournal.com/article/6336. |
| 2002-10-28 |
|
|
|
Се одржа основачкото собрание на Слободен софтвер Македонија. Собранието се одржа во тогашниот „Пингвин Паб“ карши автобуската станица „Рекорд“ во Скопје. Присутни беа 15 основачи. Беше изгласан првиот статут на организацијата и првото раководство. За претседател беше избран Иван Стојмиров. Во управниот одбор членуваа уште и: Александар Ников, Арангел Ангов, Васко Митанов, Дамјан Георгиевски, Дарко Стојчев и Игор Петрески. |
| 2002-11-12 |
|
|
|
Златко Трајчески ја направи конечната верзија на логото на „Слободен софтвер Македонија“ по идеја на Новица Наков. Логото е гулаб кој во средина има единици и нули наредени во круг. Гулабот ја означува слободата, единиците и нулите го означува софтверот, а кругот го означува сонцето, така - Слободен софтвер Македонија. |
| 2002-11-28 |
|
|
|
Во регистарот на здруженија на граѓани и фондации под Рег.Бр. 1436 се запишува здружението на граѓани Слободен софтвер Македонија. Здружението на граѓани стекнува својство на правно лице и може да започне со работа. |
| 2002-12-14 |
|
|
|
Се одржа првиот преведувачки маратон во организација на Слободен софтвер Македонија. Крајниот резултат беше целосно локализиран OpenOffice.org верзија 1.0 со што компјутерските корисници во Р. Македонија за прв пат добија канцелариски пакет на македонски јазик кој може да се користи на било кој оперативен систем. Повеќе информации има на: http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton/. Веројатна медиумска референца од тоа време: http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2028&stID=11644 |
| 2003-02-06 |
|
|
|
mksoftver.org беше преместен на http://softver.org.mk. |
| 2003-04-05 |
|
|
|
Лансирана е нова веб страница на Слободен софтвер Македонија. Софтверот за страницата во PHP го напиша Георги Станојевски. |
| 2003-04-13 |
|
|
|
Новица Наков го изработи памфлетот „Слободата и Ти“ кој се најде корисен за многу настани кои ги организираше заедницата. Текстот во најголема мера е базиран на еден подолг текст кој Новица Наков и Дамјан Георгиевски претходно го објавија во списанието „Маргина“. |
| 2003-04-17 |
|
|
|
На саемот Инфоком Слободен софтвер Македонија бесплатно дистрибуираше 500 дискови со OpenOffice.org преведен на македонски јазик и памфлети за слободен софтвер. Ристе Пејов одржа две презетнации за локализираниот слободен канцелариски пакет. |
| 2003-04-18 |
|
|
|
Се емитуваше првата емисија за слободен софтвер на Македонското радио. За жал серијалот што требаше да се емитува секој петок траеше само неколку недели. |
| 2003-04-28 |
|
|
|
Веројатно за прв пат на телевизиските канали, во емисијата Хоризонт на А1 телевизија, имаше дел посветен на слободниот софтвер. |
| 2003-05-08 |
|
|
|
Во хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ се одржа промоција на хрватскиот Говорен Линукс за слепи. За него говореше Данко Ботурац. Ристе Пејов од Слободен софтвер Македонија говореше за слободниот софтвер. |
| 2003-05-17 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија за прв пат го напушта Скопје. Во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп се одржува презентација за слободен софтвер и Linux. |
| 2003-06-14 |
|
|
|
Во просториите на Акцент компјутери се одржа вториот преведувачки маратон во организација на Слободен софтвер Македонија. Се преведуваа околините за десктоп KDE и GNOME. Најдобрите пет преведувачи како награда добија маици. |
| 2003-09-02 |
|
|
|
Летото донесе полно новости во врска со активностите на Владата на Р. Македонија за потпишување на стратешко партнерство со корпорацијата Мајкрософт. Слободен софтвер Македонија на овој ден испрати соопштение до јавнсота со цел да информира за штетноста на еден ексклузивен стратешки договор со Мајкрософт. Соопштението беше испратено до сите медиуми. Неговиот одзив во јавноста беше скоро никаков. Делови од текстот се појавија само во неделникот „Капитал“. |
| 2003-09-04 |
|
|
|
На апелот за помош во врска со можниот договор со Мајкрософт испратен до меѓународната заедница за слободен софтвер се одзва Џон Хол, претседателот на Linux international. Писмото од Џон Хол стигна во Македонија на овој ден и истото беше испратено до Претседателот на Републиката, до Претседателот на Собранието, до пратеничките групи, и до Владата на Република Македонија |
| 2003-10-14 |
|
|
|
Во јавноста се појави писмото на намери кое го потпишаа Владата на Р. Македонија и Мајкрософт. |
| 2003-10-25 |
|
|
|
Поради технички проблеми затворена беше поштенската листа [LUG]. Нејзините архиви сега живеат само на некои домашни дискови. Отворена беше листата [ossm-members] која постои и денес. Достапна е тука: http://hedona.on.net.mk/mailman/listinfo/ossm-members. |
| 2003-10-27 |
|
|
|
Првите XPI-ја за Mozilla Firebird и Thunderbird на македонски се појавија на Интернет. http://hedona.on.net.mk/pipermail/ossm-members/2003-October/000013.html |
| 2003-11-03 |
|
|
|
Објавени беа првите стабилни преводи на пресистувачот Mozilla Firebird и клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird. По двата маратони и локализацијата на овие две апликации, корисниците на компјутери во Р. Македонија за прв пат можеа да користат оперативен систем на скоро целосно на македонски јазик. Ристе Пејов го објави MKConvert0.2, макро за OpenOffice.org кое овозможува конверзија на документи од YUSCII во македонска кирилица. |
| 2003-11-14 |
|
|
|
Во Охрид, во организација на Метаморфозис, се одржа работилницата на тема „Новинарите и предизвиците што ги носи информатичкото општество“. Таму како претставник на Слободен софтвер Македонија презентација со наслов „Концептот на слободен софтвер и Македонија“ одржа Данко Илиќ. |
| 2003-11-28 |
|
|
|
Иван Стојмиров, Дамјан Георгиевски и Новица Наков како претставници на Слободен софтвер Македонија за прв пат ја посетија Владата на Р. Македонија. На средбата со вице-премиерката Радмила Шекеринска тие ги претставија добрите страни на слободниот софтвер и се обидоа да ја убедат Владата да не потпишува стратешко партнерсво со Мајкрософт. |
| 2003-12-03 |
|
|
|
Владата на Р. Македонија потпиша стратешко партнерство со Мајкросфт. Поголемиот дел од настаните поврзани со договорот се документирани во текст на Новица Наков достапен тука: http://novica.softver.org.mk/sites/default/files/softverska_nevinost.html. |
| 2004-02-02 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија го објави почетокот на проектот „Малина“. Цел беше изработка на слободен оперативен систем кој ќе доаѓа на едно CD и ќе биде целосно на македонски јазик. Подоцна проектот беше откажан бидејќи се појавија поедноставни начини за постигнување на истата цел - Убунту. |
| 2004-03-15 |
|
|
|
Се формираше првата група на корисници на GNU/Linux од Македонија, конкретно од Битола - Лугола. Објавата е тука: http://hedona.on.net.mk/pipermail/ossm-members/2004-March/000906.html. |
| 2004-03-25 |
|
|
|
Антикорупциската комисија на Р. Македонија оцени дека договорот кој Владата го потпиша со Мајкрософт ефективно и директно да се создава уште еден монопол во Македонија: http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=30295. |
| 2004-04-17 |
|
|
|
Се одржа фудбалска пресметка помеѓу корисниците на KDE и GNOME во Скопје. Резултатот беше KDE 5:3 GNOME. :) |
| 2004-05-15 |
|
|
|
Во просториите на собранието на Град Скопје се одржа првиот фестивал за инсталирање и режење на GNU/Linux. |
| 2004-06-03 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонја ја поплави со слободен софтвер втората конференција на Мајкрософт - „Визија“. http://www.slobodensoftver.org.mk/freesoftwareflood/ |
| 2004-06-15 |
|
|
|
Првпат претставник од Лугола излезе на Телевизија (ТВ Тера) и зборуваше за штетноста на договорот помеѓу Microsoft & Реплубика Македонија. Врска до објавата на поштенската листа |
| 2004-08-28 |
|
|
|
Се одржа првиот ден на слободен софтвер во Скопје. Во градскиот парк и на плоштадот беа поделени околу 500 дискови со слободен софтвер. |
| 2004-09-23 |
|
|
|
Прославен е првиот ден на слободен софтвер на Битола, иако точниот датум е на 21 септември, поради координација со останатите прославата се случи тогаш. Овој настан беше една од помасовните промоции на Лугола и прв настан организиран од групата. |
| 2004-10-23 |
|
|
|
Група на членови на Слободен софтвер Македонија присуствуваа на конференцијата OpenFest во Софија, Република Бугарија. На конференцијата беа остварени неформални средби со активистите од Бугарија, а Златко Трајчески одржа презентација на активностите на Слободен софтвер Македонија. |
| 2005-01-26 |
|
|
|
На овој ден почна акцијата за дистрибуирање на 1000 Убунту дискови низ Македонија. Акцијата „Убунту за Македонија“ траеше неколку дена - дисковите летаа како алва. |
| 2005-04-23 |
|
|
|
На Електротехничкиот факултет во Скопје Слободен софтвер Македонија го организираше вториот инсталационен фестивал: http://www.slobodensoftver.org.mk/installfest/2005/ |
| 2005-06-16 |
|
|
|
На седница на Владата на Република Македонија беше усвоена Националната стратегија за развој на информатичко општество. Лобирањето на Слободен софтвер Македонија овој пат вроди со плод. Во обемниот документ има место за слободниот софтвер, платформската неутралност и отворените стандарди.
|
| 2005-09-11 |
|
|
|
Одржан денот на слободниот софтвер во Скопје. |
| 2005-09-16 |
|
|
|
Се одржа третиот преведувачки маратон. Целта беше преведување на OpenOffice.org верзија 2.0. Маратонот го организираа Слободен софтвер Македонија и фондацијата Метаморфозис. Крајниот резултат беше целосно локализиран графички интерфејс на OpenOffice.org верзија 2.0, како и дел од помошта. Во текот на наредните неколку месеци беше направен темелен преглед и лектура, така што се доби навистина квалитетен превод. Повеќе информации има на: http://www.slobodensoftver.org.mk/maraton2005/. |
| 2005-09-22 |
|
|
|
Собранието на Слободен софтвер Македонија изгласа нов статут на организацијата и избра ново раководство. Статутот беше променет со цел организацијата институционално да се зајакне и да се приближи до Европската фондација за слободен софтвер. Во новиот управен одбор членуваат: Новица Наков, Дамјан Георгиевски и Арангел Ангов. |
| 2005-12-01 |
|
|
|
Лугола во текот на овој месец организира масовни презентации за средношколци. Опфатени се 2 основни и 3 средни училишта. Активноста е наречена „Браво Лугола“. На настанот присуствуваа огромен број посетители. |
| 2005-12-02 |
|
|
|
Текстот на Арангел Ангов за инсталирањето на Убунту во македонските училишта се појави во GnomeJournal: http://www.gnomejournal.org/article/33/macedonia-deploys-5000-gnome-in-public-schools и веднаш потоа и на Slashdot. И покрај големите надежи и желби, овие инсталации немаа долг век на траење во училиштата. |
| 2005-12-07 |
|
|
|
На саемот за НВО своја презентација имаше Слободен софтвер Македонија. Темата беше „ИКТ за поефикасни локални самоуправи“, а Новица Наков зборуваше за предностите на слободниот софтвер. |
| 2005-12-16 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија се огласи до јавноста и до надлежните институции за клиентскиот софтвер за месечни пријави за придонеси за плати од ФПИОМ. Софтверот кој законски задолжително мора да се користи за електронска достава на придонесите, ги принудува обврзниците да користат оперативен систем од еден понудувач. Така, софтверот на ФПИОМ ги игнорира заложбите на Националната стратегија за информатичко општество. Ниедна надлежна институција не одговори на дописите кои ги доби до Слободен софтвер Македонија. |
| 2006-02-26 |
|
|
|
Лугола ја реализира активноста „Не го убивај мојот пријател“ преку кој имаше обид да се вратат деинсталираните GNU/Linux дистрибуции во средните училишта во градов. Лугола испрати писма до професорите по Информатика во училиштата каде што имаше информации дека е отстранет Ubuntu Linux. |
| 2006-03-27 |
|
|
|
Повеќе месечната соработка помеѓу Слободен софтвер Македонија и Метаморфозис беше финализирана со издавањето на македонска верзија на TheOpenCD. Дискот „Заврши си работа“ содржеше слободен софтвер кој беше преведен од заедницата на корисници на слободен софтвер во Р. Македонија. |
| 2006-04-07 |
|
|
|
Започнува со работа Вики за слободен софтвер, место кое треба да биде главен извор на знаење за корисниците на слободен софтвер од Македонија. |
| 2006-04-15 |
|
|
|
Се одржа третиот инсталационен фестивал во организација на Слободен софтвер Македонија. Овој пат тоа беше дводневен настан на кој покрај инсталирање софтвер имаше и работилници и предавања. Местото на одржување беше некогашната Народна техника во Карпош 3, Скопје. http://www.slobodensoftver.org.mk/installfest/ |
| 2006-04-28 |
|
|
|
Се одржа маратон за локализација на работната околина KDE во Битола, организиран од Лугола. На маратонот беа локализирани околу 21.000 низи. |
| 2006-07-25 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија доби покана да учествува на проектот на UNDP Македонија насловен „Support to e-Governance initiatives based on Free/Open Source Software at the local level in FYR Macedonia“. Организацијата испрати работни препораки до UNDP Македонија: http://www.slobodensoftver.org.mk/vesti/rabotni_preporaki_do_undp. |
| 2006-09-01 |
|
|
|
Лугола го реализира проектот „Септември 2006 - месец на GNU/Linux во Битола“, заедно со фирми и лица блиски на групата. Како дел од многуте активности низ целиот септември се одржаа презентации, предавања, инсталациони фестивали, како и прослава на Денот на слободен софтвер на Битола - 21 септември, каде учество зедоа личности од Битола и гости од други градови. |
| 2006-10-25 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија организираше меѓународна работилница за слободен софтвер во владата и образованието на Р. Македонија. Гостите беа од соседна Р. Албанија. Повеќе на http://www.slobodensoftver.org.mk/workshop/. |
| 2006-11-16 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија на e-Society.mk го отвори прашањето за отворените стандарди пред очите на јавноста. Игор Стаматовски зборуваше за слободниот софтвер, отворените стандарди и отворениот формат за документи. |
| 2006-11-28 |
|
|
|
Започна „Сподели знаење“: http://spodeliznaenje.blogspot.com/2006/11/blog-post.html. |
| 2006-12-24 |
|
|
|
Во канцеларијата на Лугола се организира првиот од тој тип настан, Мини-маратон, каде во период од една вечер беа преведени приближно 5000 низи од работната околина Xfce. Подоцна по примерот на тој настан и проследувајќи го успехот на собирот, се организира и Викитон, за пишување и превод на статии за Вики за слободен софтвер. |
| 2007-01-16 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија и Метаморфозис со заедничко соопштение до јавноста го критикуваа тендерот за комјутерска писменост кој го распиша Владата на Р. Македонија. Неколку дена подоцна Владата ја исправи тендерската документација во која претходно се бараше само обука за Мајкрософт офис: http://www.slobodensoftver.org.mk/vesti/soopstenie_tender_za_obuki. |
| 2007-03-04 |
|
|
|
Се одржа првиот состанок на втората група на корисници на GNU/Linux во Македонија, Лугоп. |
| 2007-03-15 |
|
|
|
По повод 3 годишниот роденден на Лугола, групата испрати писма до 50 фирми, компании, организации, медиуми и сл. во кои беа вклучени CD-ња со Убунту Линукс, памфлетот „Слободата и Ти“, како и пропаганден материјал во врска со можноста за користење на слободен софтвер како алтернатива за неслободниот скап софтвер (нешто што дојде по новата пролетна офанзива на BSA-Македонија за легализација на софтвер). |
| 2007-05-15 |
|
|
|
Во Скопје се одржа првата конференција за слободен софтвер на која не присуствуваа само хакери од локалната заедница. Настанот беше во организација на UNDP Македонија како финале на проектот „Support to e-Governance initiatives based on Free/Open Source Software at the local level in FYR Macedonia“. На конференцијата присуствуваа претставници на Владата на Р. Македонија и државната управа. |
| 2007-09-15 |
|
|
|
Денот на слободниот софтвер 2007 беше одбележан во Скопје и Прилеп. Настанот во Скопје се одржа во културниот центар Точка, кафе книжарницата Магор и националната галерија Мала Станица. Фотогографии има на http://www.flickr.com/photos/skopjesfd2007/ http://www.picasaweb.google.com/dimeski.kiril/SoftwareFreedomDay200715September а други материјали на http://spodeliznaenje.blogspot.com/search/label/sfd2007. |
| 2007-10-27 |
|
|
|
На 27 октомври во просториите на Клуб на Новинари во Скопје е прославен петтиот роденден на НВО „Слободен софтвер Македонија“. На забавата присуствуваа гости од различни организации, здруженија и индивидуалци кои ја поддржуваат работата на НВО-то. Следниот ден, на самиот роденден на организацијата членовите и приврзаниците се состанаа на слободна средба каде беа дискутирани идните планови за делување на заедницата. |
| 2007-12-12 |
|
|
|
Во рамките на настаните „Сподели“, се одржа презентација на OLPC XO лаптопите. Повеќе за тоа на http://spodeliznaenje.blogspot.com/2007/12/olpc-12122007-20.html. Набзро по тоа слични настани се одржаа и во Прилеп и Битола. [1] [2] |
| 2007-12-25 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија и МАСИТ потпишаа меморандум на разбирање. [3] |
| 2008-04-30 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија одржа презентација и конференција за печат за правилното пишување на кирилица во GNU/Linux. [4] |
| 2008-05-26 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија во јавноста излезе со свој став во врска со кампањското локализирање на софтвер потребен за училиштата во Македонија што го спроведуваа Влада на Р. Македонија и USAID во соработка со приватни компании. Како резултат на нивните краткорочни решенија за локализација беше зададен голем удар на заедницата на преведувачи. По нивната конечна одлука за кампањскиот модел повеќе локализациски проекти престанаа со својата активност. [5] |
| 2008-06-18 |
|
|
|
Во културниот центар Точка се одржа забава по повод официјалното издание Firefox3 (и на македонски јазик. [6] |
| 2008-10-04 |
|
|
|
Во Скопје беше одбележан Денот на слободниот софтвер 2008, со мало задоцнување во однос на официјалната прослава. Сепак, одбележувањето беше достојно. Повеќе на: http://spodeliznaenje.blogspot.com/2008/10/2008.html |
| 2008-10-15 |
|
|
|
Излезе првиот број на е-зинот за слободен софтвер и хакерска култура - Лугархија. [7] |
| 2009-03-13 |
|
|
|
Групата на корисници на ГНУ/Линукс од Битола прослави 5 години постоење [8]. |
| 2009-03-27 |
|
|
|
Новица и Дамјан од 2с.мк го одржаа 10-тото (мал јубилеј) предавање на тема слободен софтвер и слободна култура пред студентите на политички студии. Првото беше во далечната 2003та. |
| 2009-09-07 |
|
|
|
Одржана промоција на Mozilla Firefox 3.5 во Скопје и Куманово. [9] |
| 2009-10-17 |
|
|
|
Отворен првиот хаклаб во Скопје: КИКА. [10] |
| 2010-03-20 |
|
|
|
СподелиЗнаење гостуваше во Штип и ги сподели искуствата од работата на хаклабот во Скопје, КИКА, со локалната заедница (http://spodeliznaenje.blogspot.com/2010/03/blog-post_19.html) |
| 2010-04-26 |
|
|
|
Со музика на радио и документарни филмови во хаклаб одбележан светскиот ден на интелектуалната сопственост. http://spodeliznaenje.blogspot.com/2010/04/blog-post_26.html |
| 2010-05-21 |
|
|
|
Во Скопје се одржа првиот интер-балкански собир на мозила заедниците. https://wiki.mozilla.org/Balkans:2010 |
| 2010-06-03 |
|
|
|
Во Скопје предавање одржа Ричард Сталман. http://slobodensoftver.org.mk/rms/ Истиот ден својата прва средба а одржа работната група за Националната политка за слободен софтвер. http://npss.slobodensoftver.org.mk/ |
| 2011-02-26 |
|
|
|
Традицијата за одржување на локални НСНД настани продолжи и оваа година. Како прв град се избра Куманово каде што се одржа локален НСНД настан каде што присуствуваат повеќе луѓе од локалната заедница. http://b10g.spodeli.org/2011/02/blog-post_25.html |
| 2011-04-02 |
|
|
|
Се одржа вториот по ред НСНД настан во Штип, градот каде што во 2010 за прв пат се случи локален НСНД собир. http://b10g.spodeli.org/2011/04/02042011.html |
| 2011-04-06 |
|
|
|
По повод објавувањето на новата GNOME 3 работна околина во хаклабот се одржа GNOME 3 рилис парти. Се зборуваше за новиот изглед на GNOME и за тоа како да се приклучите на GNOME заедицата. http://arangel.linux.net.mk/archives/137 |
| 2011-04-13 |
|
|
|
Се одржа мал настан по повод излегувањето на новата верзија 4 на прелистувачот Firefox. http://mozilla.blog.mk/2011/04/10/firefox-4-prezentacii-i-torta-sreda-13-04-2011-vo-galerija-7-od-20-30-chasot/ |
| 2011-05-27 |
|
|
|
Се одржа НСНД Охрид првиот меѓународен нснд во Македонија. http://wiki.spodeli.org/NSND/2011/%D0%9E%D1%85%D1%80%D0%B8%D0%B4 |
| 2011-07-13 |
|
|
|
Во скопскиот хаклаб КИКА се одржа прва само за жени хакерска вечер: http://it.com.mk/prva-samo-za-zheni-hakerska-vecher-vo-haklabot-kika/ |
| 2011-09-17 |
|
|
|
Се одржа НСНД Струмица. http://b10g.spodeli.org/2011/09/17-18.html |
| 2011-10-09 |
|
|
|
Започна со емитување Емисијата за дигитална слобода „Песната стопан нема“ на Канал 103: http://podcast.spodeli.org/ |
| 2011-11-15 |
|
|
|
Скопскиот хаклаб отворен по втор пат, по преселбата: http://b10g.spodeli.org/2011/11/blog-post_15.html |
| 2011-12-03 |
|
|
|
Global Day of Coderetreat http://b10g.spodeli.org/2011/11/global-day-of-coderetreat-20-03122011.html |
| 2012-02-25 |
|
|
|
НСНД Куманово: http://b10g.spodeli.org/2012/02/2012-25-26022012.html |
| 2012-04-07 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија потпиша меморандум за соработка со Универзитетот Гоце Делчев од Штип каде што беше оддржан НСНД Штип 2012. Беше инсталиран Debian GNU/Linux на сервер во сопственост на факултетот за Информатика за развој на прилагоден Joomla CMS. http://b10g.spodeli.org/2012/04/2012.html |
| 2012-04-26 |
|
|
|
Игор Стаматовски и Тамара Атанасоска го ремиксуваат текстот на Новица Наков од 2009 година, со насолов Decaying Free Software Communities, за 10 годишнината од постоењето на 2с.мк и 3 години од постоењето на хаклабот КИКА. На SHARE 2 конференцијата тие настапуваат со темата DECAYING FLOSS COMMUNITIES VS. EMERGING HACKERSPACES. Презентацијата поделена во три дела, минато, сегашност и иднина ги обработува постигнувањата и проблемите на заедницата на слободен софтвер во изминатите 10 години и повторното креирање на заедница околу хаклабот КИКА во изминативе години. Дом омладине Београда / 26.04 / 13:15 http://www.flickr.com/photos/shareconference/7116214161/in/photostream http://www.flickr.com/photos/shareconference/6970136364/in/photostream http://www.flickr.com/photos/shareconference/6970136364/in/photostream Текстот: http://novica.softver.org.mk/node/695 Презентацијата: http://igorstama.github.com/presentations/share2/dzslides/shells/onstage.html#../template.html |
| 2012-05-04 |
|
|
|
Ревија на слободни филмови во Кинотеката на Македонија по повод 10 години од основањето на Слободен софтвер Македонија. Инфо: http://slobodensoftver.org.mk/slobodnifilmovi Утрински: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1D4F66A0D411CB4293E5501BD827DC66 Џингл: http://soundcloud.com/mirkopopov/festival-sloboden-softver |
| 2012-10-09 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија организираше затемнување на веб страниците во Р. Македонија во протест проив Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Повеќе на: ЧППЗаЗатемнувањето и МедиумитеЗаЗатемнувањето. |
| 2012-11-13 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија во соработка со ФИНКИ започна да организира презентации поврзани со слободен софтвер и слободна култура за студентите на ФИНКИ. Презентациите се оддржуваат еднаш неделно. |
| 2012-11-22 |
|
|
|
Слободен софтвер Македонија ја доби првата награда на националниот конкурс „Подобри идеи за ЕУ фондови“. Проектната идеја на 2с.мк е составување на кутии за мерење на параметри од животната средина базирани на ардуино. http://b10g.spodeli.org/2012/11/22112012-12.html |